ЛЕВИЦА: Македонија е пред еколошки колапс, ќе се употребува отровниот мазут, наместо природен гас

t

Оваа зима на нашето општество му се заканува рекордно загадување на воздухот и водата. Република Македонија е пред тотален еколошки колапс, реагираше Левица преку партиско соопштение.

„Целиот фекален отпад ќе оди директно во реките, а отровниот мазут двојно ќе го загади воздухот. Државниот инспекторат за животна средина испрати црвен аларм до Владата на Ковачевски. Сметките за потрошената струја за пречистителните станици ќе бидат за осум пати повисоки, велат од Инспекторатот.

Градоначалниците на општините каде што има ваков вид станици најавија дека не се способни да ги платат ваквите високи давачки и станиците ќе бидат затворени. Во Македонија досега е изградена едвај 51 пречистителна станица, од коишто функционираат само 34, и тоа, поради недостаток на пари. Корумпираната влада на СДС и ДУИ ја турка Македонија во енергетски и еколошки колапс. Профитерската и предавничка Влада на Ковачевски не обезбеди природен гас, ниту каков било друг вид на алтернативно гориво за да ја преживееме претстојната зима. Ќе се употребува докажано отровниот мазут, што води кон двојно зголемување на загадувањето на воздухот. Има најава за употреба на мазут и во најголемите термоцентрали РЕК Битола и ТЕЦ Неготино. Заедно со над 50 болници кои употребуваат мазут, нафта и дрва, ќе се предизвика ЕКОЦИД на животната средина“, се вели во соопштението и се додава:

„Итна државна субвенција до март 2023 година за општините на чија територија се наоѓаат пречистителни станици и да бидат платени сметките за струја потребна за нивно нормално функционирање. Јавно да се објави каков вид мазут ќе се употребува за загревање. Да биде објавен неговиот состав и начинoт на неговaта употреба за да се избегнат сите можни шпекулации од евентуално профитирање на поединци на сметка на животната средина. Да биде јавно објавено од каде ќе се увезува мазут и во колкави количини на дневно и месечно ниво. Да се овозможи итна постапка за поставување филтри со цел да се ублажат последиците од загадувањето. Да се воспостави неделна контрола од страна на Државниот Инспекторат за животната средина и да се изготвуваат неделни извештаи за загаденоста на воздухот во населените места каде што ќе се употребуваат мазут и нафта како погонски горива и горива за загревање. Само со спроведување на горенаведеното може барем делумно да бидат заштитени здравјето на народот и нашата природна средина. Во спротивно, набрзо ќе видиме тешки последици по здравјето на нашите граѓани и тоа на долгорочно ниво“, наведено е во соопштението од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…

ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…