Левица: Македонските власти ја премолчуваат бугаризацијата на Македонците во Албанија
Власта во Македонија ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија, реагираат од Левица.
– Левица претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија, што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани, од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население, од отпочнувањето на пописот во соседна Албанија.
Индикациите говорат дека овој притисок е системски и се врши заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, заради тоа што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за вршење притисоци, додека Албанија, која има задача да ги заштити основните граѓански и политички права на граѓаните, не постапува по ниту една пријава за кршењето на човековите права, поднесена од македонското малцинство!
За жал, овој процес би бил невозможен и без домашните колаборатори. Министерот Османи, како и целата Влада на СДСМ и ДУИ е известена за притисоците кои се вршат врз Македонците во Албанија, а од страна на Левица беше побарана и итна реакција и поднесување на протестна НОТА до двете страни – до бугарската заради вршење притисок и до албанската заради непостапување при пријави за нелегални притисоци. Сепак, нема никаква официјална реакција од македонската Влада, што ги прави соучесници во БУГАРИЗАЦИЈАТА на македонското малцинство во Албанија.
Левица уште еднаш ја акцентира опасноста од бугаризација на македонското малцинство во Албанија! Бараме итна и соодветна реакција од МНР кое до сега води колабораторски политики. Очекуваме Европската комисија, во најмала рака, да ги нотира дискриминаторските политики во пописот кој го спроведува Албанија и истовремено повикуваме на раскинување на т.н. Договор за добрососедство од Заев и Борисов, чии плодови се негаторските политики кон македонската историја, јазик, култура, држава и НАРОД! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…
Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…