Левица: Мерко ги остави стружани без вода и во септември

t

Поради неодговорното работење на локалните власти, застарената инфраструктура и немањето одговорност, секоја летна сезона градот на две води се соочува со сериозен недостиг на вода! Голготата на стружани со недостиг од вода оваа година се пролонгира и после завршувањето на летната сезона, додека од локалната власт предводена од Мерко нема никакви одговори. – се вели во соопштението на Левица

Од надлежното јавно претпријатие последна достапна информација е пред повеќе од две недели, кога претпријатието информира дека заради високи температури, повторно жителите на Струга ќе се соочат со недостиг на вода. Рекордерот во кривични пријави, градоначалникот Рамиз Мерко никаде го нема во јавност да објасни што се презема за да се надмине овој сериозен проблем, со кој на жителите на Струга им е скратено основното уставно и човеково право за пристап до чиста вода!

📌 Катастрофалното и корумпирано владеење на сите локални власти досега, без сериозни инвестиции за модернизација на водоводната инфраструктура (која е стара повеќе од 30 години), доведува до енормни загуби на вода, а последиците ги трпи населението.

Дополнително, иако уште пред три месеци министерот Изет Меџити (поранешен сопартиец на Рамиз Мерко) помпезно се сликаше и најави капитална инвестиција за реконструкција на водоводната мрежа, реалноста на терен укажува дека овој проект се уште не е започнат. Иронијата да биде поголема, додека Меџити овој проект го промовира како „Чиста вода за Струга”, реалноста е дека на крајот на месец септември жителите на Струга воопшто немаат вода!

Време е да се стави крај на корумпираното владеење на досегашните естаблишмент партии, кои 35 години демонстрираат неспособност да обезбедат основни услови за пристоен живот на народот. Пораката на овие избори е јасна – елитите кои три децении ги создаваат проблемите, не можат да бидат истите кои ќе дадат решенија за тие проблеми! – порачуваат од Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…

Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…

Кривично ќе се гони скопјанецот кој му…

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична…

Најмалку две лица повредени во експлозија на…

Полициска операција е во тек на главната…

Не сакав никого да навредам, туку да…

„Сосема сум свесна дека тоа е лична…

Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…