Левица: МУЦУНСКИ МАНИПУЛИРА СО ЈАВНОСТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ “ГОЛДЕН АРТ”
Откако Левица реагираше дека и со ревидираниот ДУП се предвидуваат згради на државно земјиште, градоначалникот Тимчо Муцунски излезе со демант дека на местото каде што треба да се гради висококатницата на ,,Голден Арт” нема државно земјиште и како ДУП-от бил во согласност со барањата и потребите на граѓаните од населба Лисиче.
Со оглед на фактот дека познавањето на локалната самоуправа му е слаба страна на најлошиот градоначалник во историјата на Аеродром, ќе се обидеме со слика “да му нацртаме” на Муцунски каде се предвидени згради во неговиот ДУП.
На оваа слика се обележани двете наведени парцели каде јасно се гледа дека истите се во ДРЖАВНА (општинска) сопственост.
После упорните манипулации и напори да се протне овој ДУП, јавно го прашуваме Муцунски – СО ШТО Е ЗАДОЛЖЕН ПРЕД КОМПАНИЈАТА ,,ГОЛДЕН АРТ”? Дали истата се јавува како финансиер на неговата кампања, па Муцунски со ваквиот ДУП го плаќа долгот кон оваа градежна компанија?
Го замолуваме градоначалникот Тимчо Муцунски да престане да манипулира со жителите на населба Лисиче и да ги праша истите да се изјаснат преку РЕФЕРЕНДУМ дали се за посочениот ДУП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…