Левица: Муцунски троши 20.000 евра за изнајмување на принтери!
20.000 ЕВРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ПРИНТЕРИ КАКО ШЛАГ НА ТОРТА ЗА КРАЈ НА ГОДИНАТА, реагираат од Левица.
– Од многуте недомаќински бисери на градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, деновиве осамна најновиот “бисер“. Имено, општината распишува тендер за изнајмување на фоткопир машини во висина од скоро 20.000 евра. Тендерот го добива претпријатието ДОО Стерна – увоз-извоз.
Ако земеме предвид дека цената на еден фотокопир апарат се движи од 300 евра за користен апарат ,па до 3000 евра за нов апарат со повеќе од пристојни перформанси, тогаш не можеме, а да не се запрашаме – Зошто општината треба да изнајми копир апарати, наместо истата сума да ја потроши за набавка на нови и на тој начин трајно да го реши проблемот?
Зарем на општината фотокопир апаратите и требаат само на одредено време?? Прашањето кое се наметнува е дали Тимчо сака да го реши проблемот и да ги задоволи потребите на општината за нормално административно функционирање и зошто недомаќински се троши волкава сума на пари за изнајмување?
Уште поинтересно е тоа што претпријатието кое го добило тендерот има само on-line страна за продажба, без наведени продавници на истата и без било какви информации за тимот, директорот или било кое лице кое е таму вработено. Идеално за магионичарски трик – полнење нечии џебови со елегантно оштетување на буџетот на општината за 20.000 евра без трага и глас.
Јавно го прашуваме градоначалникот зошто изнајмување, а не купување на фотокопир машини?? Дали позади овој тендер се крие коруптивна зделка?? Што се крие зад овој нелогичен тендер?? – прашуваат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…