Левица: НАМЕСТО ДА ГО ЕКСТРАДИРА КОСОВО ГО ОСЛОБОДУВА АЛИЛ ДЕМИРИ ЗА УБИСТВОТО НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО
НАМЕСТО ДА ГО ЕКСТРАДИРА КОСОВО ГО ОСЛОБОДУВА АЛИЛ ДЕМИРИ ЗА УБИСТВОТО НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО – велат од Левица.
Деновиве беше објавено дека судот во Приштина наместо да го екстрадира Алил Демири, одлучил да го пушти на слобода – кој еден од осудените на доживотна казна затвор за громорозното петкратно убиство кај Смилковското езеро!
Оваа одлука на косовскиот суд е СПРОТИВНА на меѓународното право, бидејќи Министерството за правда, според нашите информации, нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадицијата на Демири, поднесена уште во 2018. Според тоа, екстрадицијата сѐ уште активна, а косовскиот суд, по секоја основа мораше да го екстрадира во Македонија! Со ова, Косово ги прекрши Договорите за Екстрадација и Трансфер на осудени лица со Република Македонија потпишани во 2011 година.
Ова не е изолиран потег на крајно непочитување и флагрантно провоцирање на Македонија, како и нарушување на македонскиот СУВЕРЕНИТЕТ од страна на косовските власти! Само пред неколку недели, на непоканетата посета на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и Тетово, се вееа знамиња на голема Албанија и комплетно се игнорираа државните инсигнии на Македонија, со што директно се наштетува на унитарноста и угледот на Републиката.
Левица изразува силна осуда, како до косовските власти за грубото прекршување на меѓународното право, билатералните договори и нарушувањето на суверенитетот на Македонија во последните неколку случувања, така и до домашната квислиншка власт, која дозволува сето ова да помине без никаква осуда или соодветна реакција.
Последните настани, како и бројни инциденти претходно, само ја потврдуваат великоалбанската политика, која повеќе не е израз само на маргинализирани групи, туку на официјални државни политики, како кај министрите етнички Албанци во Македонија, така и од другата страна од границата. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…