Левица: Наместо капитални инвестиции Муцунски плаќа милиони на Анѓушев

t

Наместо капитални инвестиции Муцунски плаќа милиони на Анѓушев, реагираат од Левица Аеродром откако Инфомакс денеска објави дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ му подариле на Анѓушев 389.943.936 денари.

-Општина Аеродром се задолжи со зелена обрзница од пет и пол милиони евра поради недостиг на пари за капитални инвестиции, бидејќи градоначалникот Тимчо Муцунски плаќа милиони за компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“ на Кочо Анѓушев.

Општина Аеродром во април (24.04.2023) има склучено договор за набавка на електрична енергија за ЈП за стопанисување со јавно осветлување во вредност од 35.400.000,00 денари, на кој стои потписот на в.д. директорот Благоја Ѓорѓиевски. Во мај (13.05.2022), пак склучила договор за набавка на електрична енергија за потребите на Општината во вредност од 36.200.040,00 денари, на кој е потпишан градоначалникот Тимчо Муцунски. Вкупно Општина Аеродром исплатила 71.600.040,00 денари на фирмата на Кочо Анѓушев.

Градоначалниците на ВМРО без проблем ги негуваат добрите деловни односи помеѓу Мицкосски и Анѓушев. За таа цел градоначалници од ВМРО од општините „измолзиле“ дури 389.943.936 денари народни пари префрлени на компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“.

Наместо овие пари да одат за капитални инвестиции како школи, градинки, улици, паркови итн. овие пари завршуваат во џебовите на поединци, додека општина Аеродром се задолжува со милионски суми со превисоки камати поради недостиг на финансиски средства, велат од Левица.

Целосниот текст од скандалот кој го објави Инфомакс може да го прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…

Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…