Левица: Нашиот предлог за енергетската криза го прифати Бислимоски, на ред е Ковачевски
Во неколку наврати ги критикувавме предлог решенијата кои заедничи ги нудат СДС, ДУИ и ДПМНЕ. Предлагаме решенија за ублажување на високите сметки за струја на јавните институции во сопственост на државата и општините, се вели во реакцијата на Левица.
Од партијата велат дека конечно нивните предлози ги разбрал и директорот на Регулаторната комисија за енергетија Марко Бислимоски.
„Предлогот беше сите овие институции да ги снабдува државната ЕСМ продажба, а не да бидат снабдувани на регулиран пазар од австриската ЕВН, со што би се избегнала маржата спрема приватната ЕВН.
Преку државната ЕСМ продажба власта ќе може да ја контролира цената со дотации за увоз на енергијата која нема да успеат да ја произведат државните електрани.
Владата беше глува на нашите реакции, но, сега првиот регулатор Бислимоски како решенија го предложи предлогот на Левица.
Бислимоски дополнително обзнани дека профитот на австриската ЕВН ќе се зголеми од 5 до 7 милиони евра доколку се реализира заклучокот на власта, усогласен со ДПМНЕ.
Доколку премиерот го прифати предлогот на Левица, кој сега го побара регулаторот Бислимоски, тогаш, за да ја премостиме суетата на Ковачевски, го повикуваме Бислимоски во следна прилика да предложи прекин на распродажба на Чебрен и Галиште и останатите енергетски потенцијали на државата“, соопшти Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…