Левица: На обвинителна клупа да се најдат сите инволвирани во случајот со Онкологија
– Се повторува праксата најслабите кои биле инволвирани во криминалите да бидат единствените кои понесуваат одговорност за целиот случај! Во случајот со крадењето на лекови од онкологија, деновиве е актуелно судењето на фармацевтскиот техничар во болничката аптека на Клиниката за Онкологија по основ на земање мито за издавање на терапија, порачаа денеска од Левица преку соопштение.
Спрегата помеѓу криминалот, политиката и обвинителството никогаш не била појасна! Секоја откриена информација за случувањата на Онкологија заслужува внимание на ОЈО, па така и оваа за фармацевтскиот техничар. Сепак не е доволно. Според информациите кои пристигнуваат секојдневно, еден голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите. Во последните две недели Обвинителството не излезе со јасни обвиненија за сите за кои до сега се прибрани докази кои укажуваат дека биле дел од криминалната мрежа! – велат оттаму.
Пд Левица нагласија дека пациентите сакаат одговорност, блиските на жртвите бараат правдата да ги стави позади решетки тие кои уништиле стотици животи, со што пак идните генерации би биле особено внимателни за последиците од неморални и непрофесионални медицински постапки!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…