Левица: НВО и македонските власти додека зборуваат за рубљи земаат американски долари за да шират русофобија

t

Невладини организации и меиуми на чело со власта во Македонија додека зборуваат за рубљи земаат американски долари за да шират русофбија, реагираат од политичката партија Левица на извештајот кој вчера беше објавен во македонската јавност, каде се вели дека САД во Македонија потрошиле 67 милиони долари за спречување на руското влијание во државава.

– Иако години наназад во државата постојано се зборува за руско и кинеско влијание во сферата на медиумите и креирањето на јавното мислење, Извештајот на Канцеларијата на генералниот инспектор во Стејт департментот на САД го покажа токму спротивното!

Имено, според истиот извештај, Конгресот на САД, во периодот од 2017 до 2022 доделил 1,5 милијарди долари во Фонд за спротивставување на руско влијание во трети земји. Парите биле наменети за невладини организации, медиуми и други ентитети во некои земји, меѓу кои и Македонија, во која се дадени 67 милиони американски долари.

Со други зборови, додека невладините организации и медиуми кои во Македонија, заедно со партиите од власта, шират русофобија, обвинуваат за руско влијание и зборуваат за руски платеници, тие се дебело платени за да го прават токму тоа, односно работејќи за странска агенда, во случајов онаа на САД. Тие обвинуваат за странско мешање во Македонија додека во исто време се предавничка странска агентура на САД дебело платена со американски долари за да работи во интерес на САД, а спротивно на македонските интереси.

Покрај одредени невладини организации и медиуми, овој извештај отвара и нови прашања. Како на пример, до кои јавни личности, креатори на јавно мислење и преку кои канали стигнуваат овие пари за ширење русофобија? Дали овие пари, и преку какви канали стигнуваат до владини функционери за да истите спроведуваат странски штетни агенди и политики за Републиката, која по правило, треба да ја штитат и чии интереси треба по дефиниција да им бидат на прво место?

Сметаме дека ваквата еднострана и агресивна пропаганда за која никој повеќе не крие додека се обидува да ја наметне како норма, е штетна за демократијата, критичкото размислување и креирањето на јавното мислење во Македонија. Слободата на мислата е невозможна во вазалски поставена држава која се однесува како протекторат на Западниот хегемон!

Затоа Левица повикува државните органи да истражат и јавно ги објават медиумите, организациите и нивните сопственици и менаџери кои заработуваат милионски суми за „перење на мозоци“ на сопствениот народ во слуга на странска агентура, и воедно укажуваме на нужност од законски измени во легислативата која овозможува финансирање на медиуми и организации преку странски држави и фондации. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…