Левица нема да гласа „за“ Славески да стане нов гувернер
Левица нема да го поддржи предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер на Народната банка. Според пратеникот Борислав Крмов, сегашниот кандидат треба да биде различен од предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Според Крмов, гувернерот треба да биде флексибилен кога се работи за економските програми.
-Не покажа трошка емпатија кон луѓе, цела класа на граѓани, него тоа не го интересираше. Утре пазарот ќе дојде и ќе рече нема да има храна за 30% за населението, тоа е пазарот немате доволно поседи, војна има, не можеме да увеземе од Украина. Нема потреба, не е тој отсега. Скоро имавме предлог за патни трошоци за работниците, тоа што тој наводно го има укинато…, кажа вчера пратеникот на Левица и потсетил на изјавата на Славески кој за 9.000 денари минимална плата рекол дека „тоа е пазарот“.
СДСМ исто така нема најави дека нема да го поддржи Славески, додека од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ќе гласаат „За“. Предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е доставен до Собранието, а неговото име и најмногу се споменуваше како потенцијален челник на централната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…