Левица: Нема класно без национално ослободување!
Нема класно без национално ослободување порачаа од политичката партија Левица во објава на Фејсбук.
– НЕМА КЛАСНО БЕЗ НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ – ПРОВИЗИИТЕ СЕ КАЧЕНИ ВО КОРИСТ НА СТРАНСКИОТ КАПИТАЛ КОЈ УЧЕСТВУВА СО 76,3 ОТСТО ВО „ДОМАШНИТЕ“ БАНКИ
Македонската економија има големо присуство на странски банки во домашниот банкарски систем – дури 76.3 отсто! Доколку се анализира движењето на промените во сопственичката структура на банкарскиот систем низ годините се забележуваат драстични промени во корист на странскиот капитал.
Позначителен скок во промената на сопственичката структура е забележан во текот на 2007 година поради премин на капиталот во доминантна сопственост кај странски акционери.‼️
Доминантни акционери се странците, иако доминантен дел од финансирањето доаѓа од домашните депозити. Влезот на странскиот капитал е поврзан со повисоки камати, провизии и надоместоци, на сметка на домашното население. Власта, која нема храброст ниту политичка волјја да се спротивстави на лихво-банкарството, ги држи вратите ширум отворени за влез на странски капитал.
Левица во својата програма предвидува воведување државна комерцијална банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Ова ќе придонесе за намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограничување на екстра-профитите и бонусите на банкарите.
Левица се залага за ограничување на банкарските провизии, и каматни стапки и укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, поради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на народот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…
Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…