Левица: Не може вештачки да се менува демографската структура по желба на Насер Зибери

t

Неосновани се барањата на Омбудсманот за продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентирани лица, со кој несомнено се врши лажирање на демографската структура во државата, за што доказ беа и нецелоснo објавениte резултати од пописот на населението. Веќе два пати беше продолжуван рокот на важење на овој закон, со што повторно продолжување на важноста претставува неодговорност, реагираат од Левица.

Реакцијата на партијата ја пренесуваме во целост.

„Левица, пред повеќе од една година, го оспори овој закон пред Уставниот суд поради негова неусогласеност со Уставот и законите. Одредбите на законот во пракса произведуваат спорни ситуации, кои негативно влијаат на општествено-правните односи и демографската структура во државата и тоа:

Со овозможувањето на упис во посебната, а подоцна и во редовната матична книга на родени, се заобиколува законски предвидениот прекршок за оние кои пропуштиле навремен упис во редовната матична книга на родени;

Трајноста на идентификациона исправа посочува на фактот дека по истекот на 5 години и уписот во редовната матична книга на родени. лицето ќе се стекне со лична карта, па и државјанство;

По уписот, лицето може да оствари право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување, до завршување на постапката за дополнителен упис во матична книга на родените, со што апсолутно правата на овие лица се изедначуваат со државјаните на Македонија;

Уписот во редовната матична книга на родени по 5 години и стекнување на можноста со тоа лицето да поседува лична карта и да се стекне со државјанство е во колизија со законот за државјанство, кој е lex specialis за таа област. Па така, строгите условите за стекнување државјанство со природување, предвидени во Законот за државјанство, се заобиколуваат и не важат за овие лица.

Спротивноста со Законот за државјанство, значи и спротивност со Уставот, бидејќи во членот 4 став 3 е содржана императивна норма, според која државјанство се стекнува врз основа на закон кој е lex specialis за таа област и никако поинаку. Таков закон е единствено Законот за државјанство;

Примената на ваквиот закон значи дискириминација на граѓаните, каде за едни важат построги правила, а за други важат вакви едноставни правила;

Непотребно се подрива системот на нормативна хиерархија и се руши концептот на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок.

Власта, со досегашното спроведување на овој закон, докажа дека во континуитет работи на суптилно менување на демографската структура на населението во државата и сведување на македонската нација на ранг на посебни етникуми, а државата ја сведува на обична територија!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…

Ирската европратеничка Дејли упати поддршка за кандидатурата…

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…