Левица: Нов криминал, Општина Штип ќе му врати на закупецот на новото кино 46.000 евра!

t

Нов криминал е на повидок во општина Штип каде со договорот за закуп на општинското кино, општината се обврзува да му врати 46.000 евра на закупецот, велат од локалниот огранок на Левица во Штип.

-Кино во Штип, Договор – склучен во 4 очи.

Приходите во џебот на закупецот – Општина Штип Македонија ќе му плаќа струја и вода.

Општината се обврзува и да му врати 46.000 €

Ваква накратко е реалната слика за новото штипско кино – вчерашните паради во интерен дмне-овски круг се само шминка на криминалот на повидок.

И покрај укажувањата на Левица, ДПМНЕ продолжува со креирање на монополистичка позиција на пазарот.

Со ваквиот потег, локалните шерифи директно креираат МОНОПОЛСКА позиција на пазарот, доделувајќи субвенции на ПРИВАТЕН СУБЈЕКТ‼️

Во член 8 од Договорот се утврдени услови за преадаптација на ОПШТИНСКИ ИМОТ во имот за вршење на приватен бизнис.

Во член 9 од Договорот, Општина Штип директно е обврзана да му ги врати СИТЕ ВЛОЖЕНИ СРЕДСТВА НА приватниот субјект, па повторно се поставуваат прашањата:

Дали условите за сите правни лица на територија на град Штип и Република Македонија се исти?

Дали нема директна корупција во склучување на ваквиот тип на договор?

Вкупната закупнина на месечно ниво е утврдена на 75.292 денари, а овој месечен износ кој е директен приход на Општина Штип, ќе биде намален согласно вложените средства од страна на закупецот.

За илустрација, ако правниот субјект вложил 100.000 евра во преадаптација на кино салата и во период од 3 години треба да плати вкупни 44 000 евра во закупнина, тогаш Општината е должна да му ги РЕФУНДИРА ВЛОЖЕНИТЕ СРЕДСТВА НА ЗАКУПЕЦОТ, осносно разликата од 46.000 евра.

И на сето тоа, РЕЖИСКИТЕ ТРОШОЦИ (сметките за струја и вода) се на терет на Општина Штип, а не на закупецот кој за период од 3 години ќе го користи општинскиот објект.

ЛО Левица Штип преку советникот од Левица, Ангеле Михајловски, и претходно алармираше околу овој штетен договор за Општина Штип.

Кино во Штип треба да има, но не по секоја цена, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Едно лице почина, а друго се…

Едно лице почина, а друго се бори…

Пратениците на Левица и во овој мандат…

- 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар, велат од Левица. -…

Мециновиќ: НЕ за патни трошоци, средствата да…

- Јас ќе бидам искрен, можеби е…

(Видео) Мециновиќ: Ние сме за протекционистичка економија,…

Левица е за протекционистичка економија, вели во…