Левица обвинува за провокации и заплашувања пред утрешниот втор круг

t

Соопштение на политичката партија Левица:

Оваа изборна кампања беше една од најцрните и најпрљавите во поновата историја, насочена со особена жестина кон Левица и нејзините кандидати. Наместо дебата за идеи и програми, сведочевме на организирана пропагандна машинерија која се обидува преку лаги, манипулации, притисоци, брутални клеветења и монтажи и други вмровски форми, да ја задуши појавата на промената. Во оваа хајка притив Левица (која тежнееше и успеа да постигне резултат со позитивна кампања) не беше и не е вклучена само партиска структура, туку целата власт и институциите под нејзина палка.

Во деновите пред вториот круг на Локалните избори, сведочиме на серија притисоци и злоупотреби кои потсетуваат на времињата на претходниот вмровски режим.

На наши членови, кандидати и нивните семејства им се упатуваат закани и притисоци од лица поврзани со власта, со закани по работното место и јасни предупредувања за последици по исходот на вториот круг.

Вакви закани доаѓаат и од вработени во МВР, син на кандидат за советник во Куманово од ДПМНЕ и негова колешка – член на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Аеродром кон сопружник на наша членка на Централниот комитет на Левица.

Тажна вест за нив е што нашите активисти не им се плашат, ниту пак им подлегнува на ваквите закани. Секоја ваква злоупотреба е знак на паника и тотално губење на нивната и така кревка контрола. Доколку ваквите притисоци продолжат, сите случаи ќе бидат соодветно процесуирани и обелоденети пред јавноста.

Во текот на вчерашниот ден, наши активисти пријавија обид за намерно предизвикување тензии преку уфрлени провокатори на рутата на маршот, додека подготвени екипи чекаа да ја снимат и монтираат инсценираната ситуација. За среќа, нашите активисти ја препознаа провокацијата, не подлегнаа и веднаш ја известија полицијата.

Забележани се и активисти на владејачката партија како во доцните вечерни часови ги следат и демнат нашите волонтери. Овој вид на психолошка тортура е недостоен за било која демократска земја.

Во Општина Аеродром, повеќе граѓани пријавија дефекти на лифтовите во зградите, што предизвикува сомнеж дека воскреснуваат старите вмровски финти на заглавување и исклучување на лифтови токму во пресрет на изборниот ден.

Сите овие појави не смеат да поминат незабележано. Ги охрабруваме граѓаните да ја пријавуваат секоја изборна неправилност, притисок, уцена или закана.

Никој нема право да ја узурпира волјата на народот.

Повторно повикуваме на масовна излезност и отпор кон авторитарниот систем кој со години го држи општеството во страв и безнадежност.

Време е граѓаните да покажат дека режимот нема моќ врз нив. Обединети со ова чувство – победата и промената е загарнтирана.

Ние заедно со народот испишуваме историја – тие го потврдуваат РЕЖИМОТ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица обвинува за провокации и заплашувања пред…

Соопштение на политичката партија Левица: Оваа изборна…

Мециновиќ: Видов многу тага, агонија и неправда…

Ве повикувам сите неопределени, ова е историска…

Мециновиќ: Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ…

Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да…

Алкалоид земал речиси 6 милиони евра тендери…

Клиниките чии директори го фалат кандидатот на…

Апасиев: Не е хендикеп да си борец…

*Фејсбук статус на Претседателот на Левица, Димитар…