Левица: Одговорност од Бочварски за колапсот на железничкиот сообраќај во Македонија
Од политичката партија Левица бараат одговорност од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски поради колапсот на железничкиот сообраќај во земјава.
Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:
– Најфреквентната железничка линија Скопје-Велес-Прилеп-Битола од среда ќе остане само со еден воз во денот од постоечките три. Менаџментот на МЖ-Транспорт не дава објаснување за причините за најновото УКИНУВАЊЕ на овие патнички линии, а ниту министерот Бочварски е посебно загрижен.
Железничкиот патнички сообраќај во Македонија со години е во колапс. Во јануари беа укинати и линиите Скопје-Куманово-Табановце-Скопје. По укинувањето на овие линии, беше дадено образложение дека има недостаток на машиновозачи во МЖ-Транспорт, а во меѓувреме, во јуни 2023 година се ВРАБОТИЈА 40 машиновозачи на неопределено време. На ова укинување претходеше укинување на релациите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје од мај 2021 година. Веќе неколку години нема воз и на релацијата од Скопје кон Белград и Солун.
Додека Србија гради современа железничка инфраструктура, македонската железничка структура буквално се распаѓа. Додека претпријатието трпи ЗАГУБИ од 4 до 6 милиони евра годишно, а железничарите молат за плата, менаџментот си определува безобразно високи плати. Македонските железници одбележаа јубилеј од 150 години со возови кои имаат просечна старост од 50 години, вагони без греење, стари и небезбедни пруги и долгови од над 30 милиони евра.
Корумпираната спрега СДС-ДУИ, наместо да работи на модернизирање на железницата што ќе овозможи брз транспорт како во повеќето европски држави, го запоставува и тоа малку што остана од македонската железничка инфраструктура и опрема. #Левица повикува на одговорност од министерот Благој Бочварски поради колапсот на македонскиот железнички сообраќај!
Додека актуелната политичко-криминална и клиентелистичка власт декларативно се залага за поврзување со Европа, граѓаните се принудени да живеат во изолација поради катастрофалната сообраќајна инфраструктура. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…
Нема да се случи пратеник на Левица…
(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…
На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…
(Видео) Апасиев: Предлагаме граѓански устав со НАЦИОНАЛНА…
Нека си направи и Бугарија Рамковен договор,…
Апасиев: Го враќаме името Република Македонија!
Мојата генерација ќе го врати уставното име…
(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…
- Албанската полиитчка елита во Македонија е…