Левица: ОПШТИНА КАРБИНЦИ НА ДОБАР ПАТ ДА СТАНЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ МРТВА ОПШТИНА
На изминатите Седници на Советот на Општина Карбинци, беа донесени голем број одлуки за прифаќање на Иницијативи поднесени од страна на физички и правни лица за отпочнување на постапки за промена на Урбанистички планови на територијата на О. Карбинци
Се работи за катастерски парцели со вкупна површина од околу 16 хектари обработлива земјоделска површина во атарот на селата Долни Балван, Таринци и Батање, кои парцели со oдлука на Советот ќе бидат трансформирани во градежно земјиште со намена Е1.13 (површински соларни и фотоволтаични електрани).
Со овој тренд на трансформација на квалитетно земјоделско земјиште во градежно, се нанесуваат трајни и непоправливи штети за сите жители, земјоделци и сточари од селата во Општина Карбинци, а сето тоа во корист на некои надворешни инвеститори капиталисти и олигарси.
Од друга страна, на 12-тата Седница на Советот на Општина Крбинци одржана на 29 јули 2022 година, од страна на мнозинството советници, НЕ Е ПРИФАТЕНО барањето поднесено од жителите на с. Долни Балван за одбивање на иницијативите за урбанизација на земјоделско земјиште со бонитетна класа 1, 2, 3 и 4 за изградба на фотоволтаични системи со цел зачувување на земјоделството како основна гранка за жителите на О. Карбинци.
Со ваквите постапки и игнорантскиот однос, локалните власти и Градоначалникот Виктор Паунов – Градоначалник на Општина Карбинци , дирекно застануваат во одбрана на бизнисмените и големите капиталисти. Тие ќе го множат својот приватен капитал од продажбата на електрична енергија која ќе се произведува на територијата на О. Карбинци, а жителите на О. Карбинци никогаш нема да ја користат таа електична енергија и нема од тоа да имаат никаков бенефит.
Доколку мнозинството во Советот и Градоначалникот Паунов останат глуви по ова прашање, Левица како партија ќе биде приморана институционално и вонинституционално да реагира за да се стави крај на овој тренд на земјоделско умртвување на О. Карбинци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…
Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…
„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…
Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…
В сабота мирен протест во Охрид против…
В сабота од 12 до 14 часот…
Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…
Хрватска не сака прашањето за разграничување на…