Левица: Османи ја саботира иницијативата за решавање на статусот на Македонците во Бугарија

t

Според неофицијални извори на кои се повикуваат неколку медиуми, од страна на министерот Бујар Османи се врши притисок за „пригушување“ на македонската дипломатија, што резултира со нејзино недејствување во Советот на Европа на штета на националните интереси. Иако, во Советот на Европа изминатиов период била иницирана посериозна активност за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права против Бугарија, МНР предводено од Османи реагирало македонските дипломати да не учествуваат во овој круцијален процес, се вели во реакцијата на Левица.

„Ваквата насока на движење е во целосен склад со незастапувањео на интересите на Македонците во Бугарија, кои години наназад се изложени на агресивна асимилација и прогон, додека од другата страна се бара бугарскиот народ да стане конститутивен елемент на државата, внесен во официјалниот Устав.

Македонија зад себе има 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во своја корист, како најсилен аргумент, а воедно и инструмент кој треба да го користи во движењето на процесот, меѓутоа однесувањето на македонското МНР и министерот Османи е тотално сервилно.

Прашањето кое останува отворено е зошто Македонија не ги користи пресудите во своја корист на ЕСЧП и не се залага за својата конвенционална должност во Советот на Европа (европска институција за заштита на човековите права) истите да бидат спроведени?

Индикациите укажуваат дека ваквото недејствување на македонската дипломатија е исклучително како резултат на нејзино „пригушување“ од страна на министерот Османи, што ја потврдува тезата за спремноста на оваа Влада, задоволувајќи ги бугарските апетити, да проголта ново велепредавство за „европски цели“, зошто таму је гледа сламката на спасот“, соопшти Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…