Левица открива мега скандал: Не прислушкуваат и следат затоа што сме ја посетиле Русија

t

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање, во интервју за емисијата „360 степени“ индиректно признава дека, оваа НАТО-вска институција во државава, нелегитимно и неосновано мене и мојот другар Aleksandar Simonov не има ставено под ПИ мерки, тоест следење, демнеење и шпиунирање, само поради тоа што сме биле во Руската Федерација.

(Линк од емисијата: https://www.youtube.com/watch?v=_3_FEVjYdA0 – види од 31:00 до 34:00 мин)

Истиот овој Муслиу, за кој патем, повеќе од година дена, Антикорупциската комисија одбива да отвори предмет против него, иако до институцијата се доставени три приговори за постоење судир на интереси во работата на Агенцијата, меѓу кои и едниот за тоа дека Муслиу спротивно на Законот за спречување на корупција го вработил лицето Васко Шутаров, кој претходно бил ангажиран во невладината организација „Нексус”, каде извршна директорка е токму неговата сопруга – Афродита Муслиу. Имено, Ако се разгледаат извештаите на оваа невладина организација, речиси и да нема никаква разлика со владината пропанда за шиканирање неистомисленици.

Господине Муслиу, ако сакаш да ловиш за странско влијание во државава, не го прави тоа во матно, еве ти горе експлицитно признание дека одредена политичка партија влегува во влада само поради тоа што била „замолена“ од странците. А имаш и многу материјал во разните заеднички посети на младите на владејачката партија СДСМ како и најголемата опозициона партија ДПМНЕ во Вашингтон, кое беше пред скоро време.

Туку, од кога стана нелегална, против уставна и акт на „тероризам и загрозување на државните интереси“ заложбата на една политичка организација за различен гео-политички пристап и различна, поинаква стратегија во однос на курсот во надворешната политика на државата, споредено со сегашниот укочен, безалтернативен и национално и социјално девастирачки пристап и стратегија на транзициските и пост-транзициските (рамковни) влади на државава?!

Фејсбук статус на совентикот на Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелбурн се извини откако го забрани старото…

Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…

(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…

Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…

Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…

Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…

ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…

Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…