Левица очекува Илире Даути да биде разрешена по изгласаната интерпелација
Левица очекува претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути да биде разрешена откако и беше изгласана интерпелација и како што велат, откако Собранието донесе дека работела несовесно и неодговорно, повеќепати го прекршила Уставот, законите и Деловникот на Собранието, преку блокирањето на Предлог-законот за бранителите.
-Со оваа констатација, пратеничката од редот на Европскиот Фронт е недостојна да ја врши функцијата претседател на Комисијата и нејзината пратеничка група итно треба да достави нов предлог кој ќе ја замени. Во спротивно, ако на било кој начин остане претседателка на Комисијата, се прави опасен преседан и целосно се девалвира и обезвреднува правната институција „интерпелација“. Никакви пристрасни и „креативни“ толкувања на Деловникот од страна на спикерот Африм Гаши не можат да ја спасат Даути од одговорност. За жал, неговата очигледна пристрасност во овој случај излегува единствено мотивирана од етничката припадност на пратеничката, велат од Левица.
Тие очекуваат утре од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да се упати барање до пратеничката група на Европскиот Фронт да дадат предлог кој ќе ја замени Илире Даути како претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
-Ако тоа не се случи, Комисијата мора да реагира и таа итно да биде разрешена. Согласно Деловникот за работа на Собранието, доколку Европскиот фронт повторно се обиде да ја предложи Даути за претседател на истата комисија, што во пракса би било ништо повеќе од обично подигрување со правните процедури, такво нешто мора да биде неприфатливо за мнозинството кое ѝ изгласа интерпелација, оквалификувајќи го нејзиното работење како незаконско, несовесно и несоодветно. Таков пратеник не може да биде претседател на комисија! Доколку целата ситуација со блокирање на Законот за бранители се повтори со некој иден претседател на Комисијата од редовите на Европскиот фронт, Левица апелира до власта да собере политичка храброст и да изврши притисок врз спикерот Африм Гаши, чија деловничка обврска е да го замени секој претседател на комисија кога не си ја извршува својата должност и конечно да се одблокира Предлог-законот за бранителите на Република Македонија, додаваат од партијата која ја поднесе интерпелацијата.
На иста линија со Левица е и ЗНАМ – За наша Македонија, која е дел од владината коалиција. Според нив, пратеничката Илире Даути е разрешена со интерпелацијата и повеќе не може да ја извршува функцијата претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади во Собранието.
Од Кабинетот пак на собранискиот спикер, Африм Гаши, по изгласаната интерпелација, соопштија дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.
Како што посочија од кабинетот, именувањата и разрешувањата „се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица очекува Илире Даути да биде разрешена…
Левица очекува претседателката на Комисијата за социјална…
И Левица нема да ги поддржи интерпелациите…
Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите…
Левица: СДСМ покажува дека не може да…
Сервилноста и кукавичлукот на СДСМ ќе биде…
Левица: Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски…
Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични…
Левица: Со недела работен ден Мицкоски го…
Верниот слуга на Стопанската комора и домашната…