Левица: Пластикоматите во Општина Центар се нефункционални
„Главниот проблем со оваа кампања е тоа што не е економски исплатлива за граѓаните, односно за секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари, додека пак за да набават картичка да можат да рециклираат треба да платат околу 400 денари.
Со други зборови, граѓаните треба да рециклираат околу 300+ шишиња или лименки само за да ги вратат вложените економски средства, а добиените пари ги добиваат како субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка која единствено можат да ја искористат во одредени услужни локали.
Покрај овие економски нелогичности, дел од граѓаните кои ги користат пластикоматите, поради високо развиената еколошка свест се пожалија во ЛО Центар при политичката партија Левица дека истите воопшто не се одржувани, односно откако ќе се преполнат долго време е потребно отпадот да се пренесе до предвиденото место за нивно рециклирање.
Иако Пластикоматите претставуваат добра идеа, нивната имплементација е катастрофална, на граѓаните не им е олеснет буџетот, а Општината е повалкана од било кога. Развивањето на еколошка свест кај граѓаните е невозможно без воздигнување на нивниот економски стандард, бидејќи материјалните услови ја креираат општествената, а со тоа и еколошката свест“, велат од Левица – Центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…
Двајца загинати и тројца повредени во сообраќајка…
Синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино село,…
Трамп сака да го забрза развојот на…
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го…
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот…
На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот…