Левица повторно е најтранспарентна политичка партија

t

Левица повторно најтранспарентна политичка партија, поставуваме нови принципи во политиката, објави партијата повикувајчи се на најновото истражување на ИРИ.

-Левица продолжува со трасирање на нов пристап во политиката преку својата посветеност кон транспарентноста во своето дејствување, за што потврдува и најновото истражување во областа на политичките партии на ИРИ. Истражувањето укажува на постојаност на Левица на водечкото место во однос на индексот на транспарентност, како минатата година, така и оваа.

Издвојувањето како најтранспарентна партија воопшто не е случајно. Како по ова мерило, така и по парламентарната активност, се обелоденуваат новите принципи на работа кои се фокусирани на јасноста, одговорноста и отвореноста со граѓаните – во отсуство на капацитет за одговор на овие предизвици во досегашната политичка пракса кај партиите.

Како индикатор за состојбата на демократијата, процесот на подигање на степенот на отвореност кој ќе се одрази на сето политичко дејствување е тежнеење кон демократизација на процесите на одлучување и политичката репрезентација.

Во широк контекст и долгорочно, целиме кон промена на севкупната политичка култура која ќе биде ослободена од спрегите на корупцијата и криминалот и тенденцијата за таинственост и заговорничка природа. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…