Левица поднесе измени на Кривичниот законик – Семејното насилство да се гони по службена должност!
Левица поднесе измени на Кривичниот законик, семејното насилство да се гони по службена должност, кистакна денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Јована Мојсоска.
– „Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик. Имено, додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое се гони по ПРЕДЛОГ НА ЖРТВАТА, Законот за спречување семејно насилство го третира семејното насилство како ЈАВНО прашање и наложува гонење по службена должност.
Токму поради ова, пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на член 130, став 5 од Кривичниот законик, со кои измени предлагаме и телесната повреда при семејно насилство да се гони по службена должност.
Праксата покажува дека најголем дел од кривичните пријави за семејно насилство се гонат токму по овој член и во голем дел од случаите, самите жртви на семејно насилство го повлекуваат предлогот за гонење на сторителот. Сметаме дека е ШТЕТНА одредбата која предвидува писмена согласност од жртвата за гонење на делото телесна повреда при семејно насилство.
Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони по службена должност, тоа ќе ја олесни позицијата на жртвите и ќе обезбеди независна интервенција од страна на државата.“ – истакна Мојсоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…