Левица поднесе кривична против пратеникот Велјановски
Левица поднесе кривична пријава против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски за кривично дело – Несовесно работење во службата, казниво по чл. 353 – в, од Кривичниот законик. Како што наведуваат причината е тоа што Велјановски го прекршил Деловникот на Собранието и го прекршил уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа.
-Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ. Левица тогаш поднесе 2673 амандмани. Согласно Деловникот, матичната комисија и Законодавно-правната комисија, пратениците имаат рок за расправа од по три дена од отворањето на расправата. Но, спротивно на Деловникот, претседателот на Законодавно-правната комисија од ДПМНЕ Велјановски, кој воедно е и човекот кој во Собранието имаше обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев, одлучи расправата да трае само петнаесет минути, порачаа од опозициската партија.
На 21 ноември, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.
Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство. Интервенираше и собраниското обезбедување. Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов со Велјановски, за малку не си разменија тупаници.
Со цел да се избегне поголем инцидент, спикерот Африм Гаши ја прекина седницата и го повика собраниското обезбедување да интервенира.
Подоцна од Левица информираа дека „била навредувана сестрата на Апасиев“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе кривична против пратеникот Велјановски
Левица поднесе кривична пријава против пратеникот од…
Апасиев: Левица го оспорува Законот за јазиците,…
Левица го оспорува Законот за јазиците, Уставен…
Мојсоска: Таканаречени интелектуалци немаат проблем да газат…
- Очигледно е дека овие таканаречени интелектуалци…
Левица со предлог-закон за формирање на Инспекторат…
Поради контиунираното непочитување на Законот за употреба…
Крмов за локалните избори: Во 20-30 општини…
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов очекува да…