Левица поднесе предлог-закон за намалување на времетраењето на договорите за вработување на определено време

t

Политичката партија Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време.

Откако пратениците од делегитимираната коалиција, СДСМ и ДУИ, гласаа против предлог-законот на Левица за изменување на Законот за работни односи да се стави на дневен ред во скратена постапка, денес пратениците од Левица го поднесоа предлогот во редовна постапка.

Со ваквиот предлог, предвидуваме намалување на горната граница на договорите на определено време од пет (5) години на шест (6) месеци. Моменталното законско решение значително отстапува од намерата за обезбедување на сигурност на работниот однос, бидејќи предвидува долг период од 5 години.

Ваквата ситуација се покажа во пракса дека е подложна на манипулативно однесување од страна на сопствениците на капиталот, кои еднострано ги штитат своите интереси, за сметка на интересите на работниците, кои речиси и да не можат да обезбедат трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време“, се вели во соопштението испратено до медиумите.

За нужноста од итно усвојување на предложените измени, говори и поддршката од Сојузот на синдикати, кои јавно побараа сите пратеници да го поддржат предлогот на Левица. Токму ваквите договори на определено време, за време на кризата, беа најмногу користени за губење на работните места, без утврдување реални причини за отказ, поради што работникот е принуден постојано да стравува за својата егзистенција.

Единствени кои реагираа дека се загрозени од овој закон се субјектите кои се богатат врз неплатениот труд на работниците, како Стопанската Комора и Организацијата на работодавачи. Овие организации, кои постојано уживаат заштита од владејачкиот естаблишмент и кои, преку нивната економска моќ, изнудуваат законски решенија во своја корист, покажаа повторно дека бескруполозно ја експлоатираат маката на обичниот човек.

Левица, како единствена парламентарна партија, која го претставува гласот на обесправените и сиромашните, ќе продолжи да е репрезент на работникот и земјоделецот, после 30-годишен монопол на волјата на олигархијата во законодавниот дом, додаваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…

Ирската европратеничка Дејли упати поддршка за кандидатурата…

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…