Левица поднесе Предлог-резолуција за продолжување на евроинтеграциските процеси и за признавање и афирмација на јазикот, културата и суверенитетот на СР Германија

t

Денес, пратениците на Левица, во Собранието на Република Македонија поднесоа ПРЕДЛОГ- РЕЗОЛУЦИЈА за продолжување на евроинтеграциските процеси и за признавање и афирмација на јазикот, културата и суверенитетот на СР Германија, соопштија од партијата.

-Оваа Резолуција се предлага на Собранието на РМ како резултат на Резолуцијата на германскиот Бундестаг (јуни 2023), со цел да се укаже на реалната состојба, проблемите и мерките што треба да се преземат по однос на интеграциската политика кон Европската унија од страна на македонската Влада, како и официјално да ги признае германскиот јазик и идентитет како и суверенитетот – со што ќе се заблагодари и реципрочно ќе возврати на Сојузна Република Германија за „признавањето“ на македонскиот јазик и идентитет, без споменување на зборот Македонци во нормативниот текстот на самата Резолуција, донесена неодамна од страна на германскиот Бундестаг.

Резолуцијата содржи конкретни барања од Владата на Република Македонија кои се во насока на продолжување на евроинтеграциските процеси врз основа на почитување и уважување на македонскиот народ. Со резолуцијата се бара Владата:

Да одолее на притисоците, уцените и неправичните услови за отпочнување на преговорите со Европската унија и да отпочне радикални реформи кои ќе го прекинат процесот на етно-трибалистичките поделби и дезинтеграција на државата, усогласувајќи ја малцинската политика согласно европската пракса;

Да побара одвојување, односно посебни билатерални преговори исклучиво со институциите на Унијата и ја повика Бугарија (и ЕУ) да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на Копенхашките критериуми;

Да започне со засилени реформи во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и зајакнувањето на владеењето на правото, и преку личен пример, со процесуирање на криминалците од сопствените редови како и проширување на соработка меѓу Европското јавно обвинителство;

Итно и неодложно да ги спроведе промените во изборното законодавство заради воведување на една изборна единица;

Oсобенo да се посвети на заштита на лицата со попреченост и воведување на регулатива која ќе овозможи остварување на правото на живот и лекување на луѓето со ретки болести, како и водење социјална политика која ќе ги подобри условите на социјално ранливите катерии и на луѓето кои живеат на работ од сиромаштија;

Целосниот текст на резолуцијата на линкот во продолжение:

ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…