Левица: Покривот на Архивот изграден во „Скопје 2014“ прокиснува, нема вентилација, а низ ѕидовите каде што се чува документацијата поминуваат цевки

t

Левица обвинува дека власта наместо да го реши проблемот со Државниот архив на Македонија и да го врати во старата наменска зграда, како што бараат вработените и стручната јавност, повторно ќе фрла пари за санација на нефункционален простор. Според партијата, Владата одобрила реконструкција на покривот на Археолошки музеј кој е сместен на шестиот кат во оваа зграда.

-Десет години пропаѓа целата историска и културна меморија на Македонија, најзначајните, оригинални и ретки историски документи кои се темел на државотворноста се во опасност од уништување, затоа што се чуваат во несоодветни услови.

Покривот на зградата, изградена од владата на ДПМНЕ во проектот „Скопје 2014“ прокиснува, нема вентилација, а низ ѕидовите каде што се чува документацијата поминуваат одводни и доводни цевки. Исто толку време вработените и стручната јавност бараат Архивот да се врати во наменски изградената зграда во која архивот функционираше од 1969 година се до неговото исселување во 2014 година, кога оваа зграда беше отстапена на Обвинителство за организиран криминал.

Наменски изградената зграда за Архив ги поседува сите потребни елементи од одвоени простории за администрација и депоа, до депоа изградени по сите стандарди за архивско работење, дури и маркица за градба на второ депо ако првото се наполни.

Владата на ДПМНЕ на чело со Груевски го исели Архивот од неговата наменски изградена зграда за грант од 600.000 евра од европските фондови. СДС пред да дојде на власт ветуваше решавање на проблемот но, откако седна на премиерското столче Заев ја препушти работата на Зорица Апостоловска, министер без ресор, која се истрча со нереален предлог за изградба на нова зграда за Архив. Денес, владата на Мицковски си ги мие рацете со реконструкција на покривот, велат од партијата преку соопштение.

Левица апелира да престанат игрите со една од најзначајните институции и Државниот архив на Македонија да се врати во својата наменски изградена зграда. Впрочем тоа е и дел од програмата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…