Левица предлага општините сами да произведуваат струја! Поднесени иницијативи за изработка на физибилити студија

t

Во сите општини каде Левица има советници е поднесена Иницијатива за донесување Одлука за изработка на физибилити студија за основање на јавни претпријатија кои ќе произведуваат електрична енергија, соопштија од партијата.

Целта на ваквите иницијативи, како што велат од Левица, е да се отвори можност општините да произведуваат струја и да добиваат дополнителни приходи од оваа дејност.

Во продолжение објавата на Левица на Фејсбук:

– ПОДНЕСЕНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Во сите општини во Македонија, каде Левица има свои советници или советничка група, поднесе Иницијативи за донесување Одлука за изработка на физибилити студија – со цел основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија.

Со формирање на ова Јавно Претпријатие (ЈП) за производство и продажба на електрична енергија се отвара можност општината да приходува од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на ЈП, да остварува и финансиска добивка, која би ја инвестирала во подобрување на условите за живот на жителите.

Во првата фаза, првична цел на овие ЈП е да изградат фотоволтаични централи на сите поволни локации (кровови на училишта, градинки, општински згради, спортски сали итн.) кои ги стопанисува општината чиј основач е.

Во втора фаза – да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации во рамките на територијата на општините, со што ќе го зголеми потенцијалот за развој на општинско ниво и ќе претставуваат енергетски независни општини.

Додека во трета и последна фаза, ова ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, јавните претпријатија основани од општината и други потрошувачи.

Енергетскиот сектор мора да биде во наша сопственост, не смее да се дозволи да премине во рацете на поединци, како што е во моментов.

Затоа, оваа иницијатива на советниците, изработена од Секторот Енергетика на Левица , е најефикасното и најефективно решение за справување со моменталната енергетска криза, пренесуваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…

Ирската европратеничка Дејли упати поддршка за кандидатурата…

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…