Левица предлага пајтон партиите без придонес и десетина гласа да не добиваат илјадници евра од државата
Левица предложи измени на Законот за финансирање на политичките партии, со цел да се спречи ситуацијата во која партии кои немаат политичко влијание и добиваат само десетици гласови, се финансираат со енормни суми од државата. Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека актуелниот Закон дозволува партиите со минимално локално присуство да стануваат финансиски паразити.
„Моментално има политички партии кои немаат речиси никаква локална поддршка помеѓу нашите заедници и во нашите локални населенија. Тие партии добиваат само неколку десетици гласови, а потоа добиваат 70.000 евра од државната каса.
Овие предлог-измени се со цел демократизација на општеството. Затоа што многу долго малите партии во Македонија, на начин на којшто е конципиран нашиот политички систем, тие стануваат пајтон партии на поголемите коалиции и така остваруваат цели за поголемите партии, а не допринесуваат до демократизација на амбиентот во Македонија. И од друга страна, ова ќе спречи тие да остваруваат енормни приходи врз буџетот на граѓаните, а да немаат никаков политички агенс во државата, рече Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…