Левица предлага формирање градско претпријатие за енергетска независност и крај на скапата струја

t

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел, како што велат од партијата, е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори.

Според Левица, Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја и наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.

„Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи. Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка. Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија“ велат од партијата.

Од Левица очекуваат мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи нивната иницијатива ако, како што велат, навистина им е приоритет јавниот интерес.

„Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град. Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност“ порачуваат од Левица.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да предлагаат системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Левица предлага државата да ви го врати…

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…