Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите
На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на приходи остануваат без здравствено осигурување.
„Во Македонија има една голема група на граѓани кои не се опфатени со здравствена заштита. Тоа се луѓе на договор на дело, хонорарци, луѓе со паушални примања, фриленсери, слободни уметници. Ако сте невработен и вашиот брачен партнер има примања над мизерниот праг од 24.000 денари месечно, вие повторно нема да имате здравствено осигурување. Дури и ако човек изгуби работа и ја продаде својата кола за да обезбеди сигурност за семејството, ќе го изгуби здравственото осигурување. Значи, наместо државата да ве заштити кога сте најранливи, таа се однесува како предатор. Имаме ситуација каде што обичните граѓани плаќаат околу 33% давачки на своите приходи, додека оние со милионски заработки плаќаат само до одреден праг од околу 1,1 милион денари годишно, а над тоа не плаќаат ништо“, вели Мециновиќ.
Според него, имало случаи каде што луѓе пријавиле 19 милиони денари приходи, а платиле давачки само до тој праг.
„Имаме случаи каде што луѓе пријавиле 19 милиони денари приходи, а платиле давачки само до тој праг. Зошто тие се привилегирани, а сите други плаќаат? Со овие две измени ќе направиме рез на оваа дискриминаторска политика ќе го избришеме прагот за здравствено осигурување и ќе обезбедиме фер систем на давачки”, додаде пратеникот од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…