ЛЕВИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: ИНСТРУМЕНТАЛИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО СО ЦЕЛ БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

t

Една од клучните цели кон кои што се стреми потпишаниот протокол е образованието. Јасно е воочлива намерата за систематизирана индоктринација на младите во насока на неутрализација на националното чувство.

Програмата за соработка во образованието 2022-2025, која на 23-ти март од оваа година во Софија ја потпишаа министерот Јетон Шаќири и министерот Николај Денков, до ден-денес не е достапна за пошироката јавност, но, стои во капитулантскиот Протокол како веќе постигнат успех во рамки на соработката.

Пред две години, беше формирана Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Нејзината работа во Протоколот е оценета како „под очекувањата“, па оттука ѝ се дадени конкретни задачи.

Двете држави, преку надлежните министерства и единиците на локалната самоуправа, во рок од две години, да ги вклучат сите веќе меѓусебно договорени резултати од работата на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, во учебните програми, учебници и релевантните учебни материјали, а резултати да се рефлектираат врз содржините на натписи на споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост.
Договорените резултати претставуваат бришење на македонската и старословенската историја и прифаќање на бугарскиот експанзионизам за научна вистина. За пример: „Владата на Република Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот.

Дополнително, со тоа што Протоколот предвидува и „Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период“ можно е во новите учебници, скроени по теркот на велепредавството, народните херои од НОБ да бидат прогласени за терористи, а докажаните фашисти како Ванчо Михајлов да бидат прогласени за национални херои!

Јасна е намерата на бугарската страна, а јасно е и велепредавството од страна на неизбраната Влада на Македонија. Со научни девијации кои имаат за цел да спроведуваат политичка агенда треба да се реагира остро и ригорозно – тие треба да бидат отфрлени како штетни и опасни.

Соопштение на политичката партија Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…