Објавено на:

Левица преку автенично толкување бара намалување на функционерските плати

t

Левица преку автенично толкување бара намалување на функционерските плати, информираат од партијата.

-Денес, пратениците на Левица во македонското собрание поднесоа Барање за давање автентично толкување до претседателот на Собранието – Талат Џафери.

Со Одлуката на Уставниот суд, со која платите на функционерите се покачија неверојатни 78%, цениме дека забуната е настаната при некоректно толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката.

Министерството за финансии, во циркуларна порака до буџетските корисници, им наложува формулацијата „просечна исплатена месечна плата” да ја толкуваат како БРУТО-плата по работник?! Но, подоследна интепретација на оваа фраза е таа да се толкува дека истата се одесува на НЕТО-плата по вработен од ланската година, според податоците на Државниот завод за статистика – при што, во овој случај ќе стане збор само за „одмрзнување“, а не и за зголемување на функционерските плати!

Заради доследна и јасна примена на одредбата од посочениот закон, како и заради обезбедување на правна сигурност на граѓаните, Левица бара ваквата законска норма да се однесува на нето, а не на бруто-плата на вработен, со што актуелните плати на функционерите би се намалиле за околу 50%.

Во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, недозволиво е функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани. Апелираме оваа наша иницијатива конечно да наиде на добра волја кај парламентарното мнозинство и, за разлика од негативните примери во минатото, кога низа анти-естаблишментски предлози на Левица беа одбиени – конечно Парламентот да почне да работи во интерес на сите граѓани.

#ЛевицаОдПарламент

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…