Левица: Пропадна можноста за воведување една изборна единица, СДСМ во таен договор со Мицкоски

t

Левица се огласи со коментар дека на истекот од рокот зададен од ЕУ пропаднала можноста за опозициско обединување во евентуалниот договор за менување на Изборниот законик и воведување една изборна единица на ниво на целата земја, а за тоа како виновен го посочи СДСМ за договор зад затворени врати со ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен – како оперативна спогодба меѓу актерите на стариот поредок со цел овој модел да преживее бидејќи токму тој модел ги храни нив и оди на штета на Левица. Секој од нив, преку многумандатни изборни единици нацртани со хируршка прецизност тежнеат да ја заштитат сопствената положба и обезбедуваат пратенички места несразмерни со реалната тежина што ја имаат кај граѓаните.

Секој обид Изборниот законик реално да се допре во суштината, наидува на идентична одбрана – различна по реторика, идентична по исход. ДПМНЕ игра една улога, СДСМ друга, но резултатот е секогаш ист. Опозициско обединување за една изборна единица би можело конечно да го скрши тој циклус, да наметне заедничка сила пред авторитарната власт на ДПМНЕ. Но, СДСМ гледајќи поголем ризик во непочитувањето на договорот со Мицкоски, отколку во непочитувањето на ставот на нивното членство и нивните принципи – одлучи идејата да згасне уште во зародиш.

Според Левица, тековниот изборен систем им оди во прилог на двете партии, а не на тоа што се бара како реформска агенда.

„Овие две партии веруваат дека со тоа истовремено ѝ штетат на Левица и си обезбедуваат сопствен опстанок – преку изборниот модел и повторната не можност за политичко рекламирање на Левица (како единствена партија на која тоа право и е ускратено). Меѓутоа, се лажат.

Договорите зад затворени врати можат да го отежнат патот, но не можат да ја избришат сѐ поголемата поддршка од народот. Скопје веќе покажа дека таа поддршка не чека дозвола од Собранието за да се манифестира.

Секој нов договор помеѓу СДСМ и ДПМНЕ само го продлабочува јазот за тоа што овие партии сè уште мислат дека контролираат и тоа што реално веќе им се лизга од раце“, додаваат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Пропадна можноста за воведување една изборна…

Левица се огласи со коментар дека на…

Мицкоски: Цената на струјата не поскапе, работиме…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…

Цената на струјата не поскапе, работиме од…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Србин почина по напад од рој оси…

Маж, на 39-годишна возраст, вчера починал откако…

Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени…

Денешниот ден беше еден од најтешките за…