Левица размислува да му поднесе кривична на Гаши
Спикерот го крши новиот Деловник. Смислата на донесувањето на новиот Деловник беше да се развласти спикерот, а да не му се дава нови дополнителни ингеренции. Со ова паушално и злонамерно толкување, тој само инкорпорира уште поголеми ингеренции во свои раце и филибастерингот од опозицијата премина кај спикерот, вели пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев за несвикувањето на собраниската Комисија за социјална политика за Законот за бранители и припадници на безбедносните сили.
Според Апасиев, постојат два моменти – политички и правен. Правен е, како што вели, на страната на претседателот на Собранието, Африм Гаши и Левица размислува да му поднесе кривична пријава за пречекорување на дискрециони овластувања.
-Можноста да не ја свика седницата на Комисијата е само на претседателот на матичното тело, а не и на спикерот – тој е должен да ја свика во рок од 24 часа, кажа пратеникот, додавајќи дека политичката одговорност е кај ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што истакнува, ова покажува зошто не треба партија со двајца пратеници да има претседател во Собранието.
„На секое вакво чкрипење, ќе треба да одите на бакни рака кај спикерот и тука политичката одговорност е кај овие 58 пратеници (од ВМРО-ДПМНЕ). Партијата со најголем број пратеници треба да го спикерското столче поради вакви ситуации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…