Левица: Само нашите пратеници гласаа против изборот на Џафери за премиер

t

Само пратениците на Левица гласаа против изборот на амнестираниот Џафери, соопштија од партијата.

– На денешниот избор на техничката Влада, каде македонскиот народ беше понижен со поставување на амнестиран командант на терористичка групација за премиер, само пратениците на Левица гласаа против. Денешниот ден е понижување за сите бранители, кои животот го дадоа за слободна и независна Македонија против терористите во 2001 година.

Не сме изненадени што пратениците од ДПМНЕ немаа храброст да гласаат против изборот на Џафери, затоа што токму тие кога беа власт ги амнестираа тн Хашките случаи и срамно го поставија Џафери за министер за одбрана. Дури и во најголемиот подем со 63 пратеници на власт, ДПМНЕ никогаш не ги разреши злостосторствата на терористичката ОНА, додека семејствата на бранителите и денес чекаат правда за нивните најблиски.

Поставувањето на Џафери за премиер на техничката влада од страна на квинслинзите на СДС е последното национално предаство, во кое подеднакво учество и вина имаат двете македонски партии. Македонскиот народ повторно е предаден и погазен со изборот на дезертерот Џафери, и затоа Левица потенцира дека се додека не се расчистат воените злосторства од 2001 година, за македонскиот народ нема да има правда.

Левица во својата Програма како приоритет го поставува процесуирањето на тн Хашки случаи, за конечно семејствата на македонските бранители да ја дочекаат правдата која им следи. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

(Видео) Апасиев: Предлагаме граѓански устав со НАЦИОНАЛНА…

Нека си направи и Бугарија Рамковен договор,…

Апасиев: Го враќаме името Република Македонија!

Мојата генерација ќе го врати уставното име…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…