Левица со низа обвинувања за изборни нерегуларности: поткуп, притисоци и прекршување на изборниот молк
Политичката партија Левица вечерва ја одржа првата прес-конференција по затворањето на избирачките места, на која соопшти дека во текот на денешниот изборен ден нотирале серија неправилности и прекршувања на изборниот процес.
Од партијата изразија сомнежи дека изборниот молк не бил почитуван од страна на владејачките партии, посочувајќи дека нивните изборни штабови работеле и се спроведувало групно агитирање, како и политичка кампања на социјалните мрежи.
„Имаме огромна разочараност кон Министерството за внатрешни работи, кое не реагираше навремено. На повеќе избирачки места се гласало по стариот начин, со УВ лампи, а на некои терминали бројот на гласачи бил поголем од бројот запишан во избирачкиот список. Забележавме и случаи каде починати лица се уште фигурираат во списоците“, соопштија од Левица.
Од партијата дополнително наведоа дека нивни набљудувачи не биле пуштани на одредени избирачки места и дека врз нив и нивните семејства биле вршени притисоци.
„Имаме информации дека заменик-министерот Албрим Хоџа и кандидатот Менди Ќира биле фатени како купуваат гласови во близина на Струга. Во неколку општини наши активисти добиваа повици од анонимни броеви, а поткуп се вршел и во општини со поголемо ромско население, каде граѓани биле носени организирано со такси и комбиња да гласаат за одредени кандидати“, тврдат од Левица.
Покрај тоа, партијата забележала и неправилности во гласачките ливчиња за избор на градоначалник на Град Скопје, каде – според нив – содржината на македонски и албански јазик не била идентична.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два притвори, еден куќен притвор и мерки…
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…
„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…
Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…
Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…
По обвинувања од политичка партија за наводно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…
Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…