Левица со писмо до Кинеската Комунистичка партија: Чудесниот напредок на Кина го менува светскиот поредок
Политичката партија “Левица” со писмо до кинеската Комунистичка партија го честиташе реизборот на кинескиот лидер Си Џипинг и нагласи дека идеалите за праведност и еднаквост меѓу народите се заедничка водилка во новиот пријателски свет.
– По повод 20. Национален конгрес на Комунистичка Партија на Кина, Левица испрати пријателско писмо до Претседателот на Народна Република Кина, Ши Џинпинг, во кое ги поздрави одлуките и заклучоците од Конгресот и воедно го честиташе реизборот за Генерален секретар на Партијата.
Идеалите за праведност и еднаквост помеѓу народите, социјалното ослободување на работниците и победата на напредните идеи, се наша заедничка водилка – во нов пријателски свет.
Темелите на чудесниот напредок на НР Кина, во духот на научниот социјализам, го менуваат светскиот поредок и вдахнуваат борбен пламен во срцата на револуционерите од цел свет.
Република Македонија го вреднува овој разој и македонскиот народ верува во градењето на нови можности во духот на социјализмот за нашите идни генерации! – напишаа од Леввица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…