Левица со предлог-закон за формирање на Инспекторат за државни симболи

t

Поради контиунираното непочитување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната, Левица до Собранието ќе поднесе предлог-Закон за воведување на Државен инспекторат за инсигнии. Овој инспекторат ќе биде задолжен за контрола и надзор над правилната употреба на грбот, знамето и химната од страна на државните органи, општините и приватните субјекти, соопштија од партијата во објава на Фејсбук.

– Скандалозно е што сите политички елити досега не формирале ваков Инспекторат, во услови кога на секој чекор македонското знаме не се почитува, како единствен симбол кој треба да ја обедини македонската нација.

Левица повторно најостро го осудува скорешното палење, непочитување и сквернавење на македонското државно знаме за време на прославата на денот на албанското знаме, кое помина без санкции и јасна реакција од надлежните институции. Овој чин е уште еден доказ за потребата од системски пристап и јасен инспекциски надзор врз употребата на државните симболи.

Согласно член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната, како и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме е кривично дело. Но, отсуството на соодветен механизам за надзор овозможува ваквите акти да поминуваат неказнето.

Потсетуваме дека Левица ова прашање го истакна уште во својата Македонска платформа за пост-изборно коалицирање, како една од петте клучни точки:

„Строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации…. задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери.“

Македонската платформа на Левица е клучен инструмент за зачувување на унитарноста и достоинството на Република Македонија. Повторно апелираме до сите политички партии ова прашање да го третираат како црвена линија, која не смее да биде предмет на политички компромиси. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…