Левица: СПОМЕНИКОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ФРЛЕН ПРЕД ХОТЕЛОТ ГРАНИТ ВО ОХРИД!
Споменикот на светите браќа Кирил и Методиј е фрлен пред хотелот Гранит, реагираат од секторот за култура на Левица.
– Св. Кирил и Методиј, најзаслужните за описменувањето не само на Македонците, туку и на севкупниот словенски свет, нивните скулптури се оставени да гнијат во тревата, покрај паркингот на хотелот „Гранит“ Во Охрид, градот на УНЕСКО, занемарени од институциите веќе подолго време. Според сознанијата, тие се во сопственост на градежното друштво „Гранит.“
Дали можеби ова е намерно, поради тоа што доскорешниот сопственик на ова друштво, Сашо Милковски е долгогодишен член на СДС, која последниве седум години макотрпно работи на предавање на сето достоинство, наследство и историја на Македонија поради надворешните апетити на „добрите соседи“, тоа не можеме да го знаеме со сигурност, но, секако сомнежот постои. Сега со него раководи неговиот син, Зоран Милковски, но, особено во Македонија, важи старата изрека – „крушата под круша паѓа“.
Дали е одоброволување и удоволување на Бугарската страна во историскиот спор? И тоа е многу веројатно, судејќи според чекорите на оваа власт, која целокупната македонска историја ја стави на продажба за фиктивниот влез во ЕУ. Дали рушењето и запуштањето на историјата и историските споменици се начинот на заштита на македонскиот идентитет и тоа во услови кога соседските шовинистички политики се пуштени на најсилно? И кога токму Св. Кирил и Методиј се историските ликови околу кои се кршат копјата во историската комисија?
Кога станува збор за СДС/ДУИ, сето ова не само што е можно, туку е и многу веројатнно, затоа што од досегашнаното нивно владеење утврдивме дека распродавањето на сопствените национални интереси е нивниот модус операнди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…