Левица: Стефковски мандатот го искористи за на неговиот другар да му овозможи милионски тендери, а на граѓаните мизерија
Во општина каде улиците се распаѓаат, каде секоја поголема дождовна капка претвора цели маала во мочуриште, каде десетици семејства и денес немаат канализација и неретко се оставени без вода, каде децата растат во нечовечки услови – градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски од ДПМНЕ, ги сврте очите на другата страна. Тој не ја гледа мизеријата во општината, затоа што е зафатен со грижа за тоа како јавните пари да ги насочи кон фирмата на својот најблизок пријател., пишува во објавата на Левица – Гази Баба
Станува збор за „ЛАКИТЕРМ“ ДООЕЛ, фирма во сопственост на Мики Милевски – човек со кој Стефковски без срам позира претставувајќи го како најдобар пријател. Токму тој другар, благодарение на партиската врска и расипничкиот карактер на Стефковски, добил тендери вредни над 9 милиони денари.
3,6 милиони денари за Државен студентски дом „Скопје“
4,4 милиони денари за ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“
1 милион денари за ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци.
За Стефковски и ДПМНЕ, граѓаните на Гази Баба се последни на листата на приоритети. Додека луѓето тонат во кал, дишат канцероген воздух и се гушат во урбанистички хаос, тој ја користи градоначалничката фотелја како банкомат за своите најблиски.
Секој ден поминат со ваква власт е уште една рана врз Гази Баба. Ова е општина со сериозен потенцијал за развој и место кое заслужува нормални услови за живот, но Стефковски нуди само корупција, криминал, тендери за „привилегираните“ и евтини пиар објави кои никако не ја одразуваат неговата улога како градоначалник.
Ќе дозволиме ли Бобан Стефковски и ДПМНЕ повторно да ја претворат Гази Баба во приватна касичка за другари и партиски послушници, или конечно ќе ставиме крај на ова расипништво?, заклучуваат од Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…