Левица: Тони Коњановски учесник во најголемиот урбанистички криминал во историјата на Битола
На 43-тата Седница на Советот на Општина Битола, беше изгласан најголемиот криминал во историјата на Општина Битола од страна на советниците од ДПМНЕ И Поинаку, реагираат од локалниот огранок на Левица во Битола.
– Во делот на криминалното гласање е изгласана иницијатива која е поднесена до општина Битола за изработување и донесување на измена и дополна на ДУП за Четврт Запад 9 блок 3.09 03, општина Битола, односно зграда “КЕОПС” и пространството околу неа, каде што домашни и странски олигарси ги штитат своите финансиски интереси!
На оваа локација е изгласан нелегитимен урбанистички план за изградба на маркет ЛИДЛ, а со ова е извршена узурпација на простор кој е спротивно наменски за изградба на ваква дејност.
Покрај многуте маркети кои се наоѓаат околу горниот пазар, општина Битола распродава државно земјиште на странски фирми, а со тоа, наместо зелени површини кои се согласни со закон, добиваме паркинг простори!
Комисијата која била составена по избор на Тони Коњановски истата е против законски оформена со тоа што мнозинство во таа комисија имале надворешни соработници.
Истата таа комисија дозволи оттуѓување на општински имот без јавно наддавање во интерес на приватно лице.
Ваков преседан на Локалната самоуправа и Советот на Општина Битола, во кое што глас дадоа советниците од ДПМНЕ И ПОИНАКУ, создава насилно приватизирање на општинскиот имот. И истиот треба да биде казнет.
Левица го повикува Јавното Обвинителство да оформи предмет за овој настан и да отвори истрага за истиот. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…