Левица: Трипуновски ги извиси јаболкопроизводителите

t

Цветан Трипуновски ги извиси јаболкопроизводителите, реагираат од локалниот огранок на политичката партија Левица во Ресен.

– Голготата на јаболкопроизводителите продолжува и со новата влада предводена од Мицкоски. Иако пред еден месец од страна на министерот Цветан Трипуновски беше објавено дека е исплатен 30% аванс од субвенциите, реалноста е дека поголем дел од производителите не добија НИТУ денар, а се уште нема одговор кога ќе се исплатат.

Дополнително, за сезоната 2023-2024 година беа предвидени субвенционирање од 2 денари за предадени јаболка на регистриран откупувач, мерка која не ја опфати цела сезона, туку само до 15 јануари 2024. Левица јавно го прашува министерот Трипуновски зошто нема мерка која ќе ги опфати производителите и количините што се предале после 15 јануари?! Оваа погубна мерка беше донесена од претходната власт на СДС, но сведоци сме дека и новата влада не ја корегира штетата која ја трпат јаболкопроизводителите.

Скандалозно е тоа што субвенциите за перидот до 15 јануари 2024 година УШТЕ не се исплатени, додека пратеникот КИРЕ Божиновски, кој ги доби гласовите од Преспа, никаде го нема да реагира!

Понатаму, не се исплатени субвенциите од 3 денари на 180 производители, кои предале јаболко на фирмата „Хераклеас” за сезона 2022/2023. Сведоци бевме дека министерот Трипуновски вети дека тоа ќе се исплати и дека ќе се исправи грешката која е направена, но и тие ветувања пропаднаа.

Манипулациите на Трипуновски за жал немаат крај. Иако тој ветуваше 18 ден откуп на јаболко Ајдаред во берба (со тендеција на пораст на цената), но во тој период па се до Нова година, производителите беа сведоци на пониски цени за откуп од договореното. Зошто министерот Трипуновски дозволи такви манипулации со јаболкопроизводителите и чии интереси застапува – на производителите или на откупната мафија?!

Истиот проблем е и со цената на индустриското јаболко, која се замрзна на потценувачки 8 денари, во услови на голема побарувачка и повисоки цени, кои во околината достигнуваат и над 15 денари, на пример Полска. Дали вака министерот Трипуновски и пратеникот Кире Божиновски се грижат за земјоделците или се грижат само за профитот на одредени трговци!? – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…

Психијатриската болница во Демир Хисар со години…

Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…

Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…

Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…

(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…

Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН…

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев поднесе писмено…