Левица: Тупанчески штити фашистички клубови – Пробугарската коалиција СДС-ДУИ целосно ставена во служба на рехабилитација на фашизмот

Од Левица и денеска реагираат дека министерот за правда, Никола Тупанчески ги штити бугарските фашистички клубови во Македонија.
– ТУПАНЧЕСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ШТИТИ ФАШИСТИЧКИТЕ КЛУБОВИ
Министерот за правда Тупанчески во однос на најавените законски измени, вчера изјави дека нема можност за ретроактивност во ревидирање на веќе основаните фашистички здруженија.
Но, истиот очигледно намерно заборава дека е Министер за правда на Македонија и истиот треба да ги штити интересите на македонскиот народ, како и сите нејзини определби и вредности, а особено Анти-фашистичката определба на Македонија.
Оваа изјава доаѓа додека во соседна Бугарија се усвојуваат Декларации со кои се ЗАБРАНУВАА отворање на македонски клубови, иако истите ги носат имињата на истакнати анти-фашистички дејци!
Основањето на фашистички здруженија со величење на бугарски фашистички ликови стана опасен тренд, кој мора итно да се спречи. Во таа насока се најавените измени на Законот за здруженија и фондации.
Во законските измени е предложено и задолжително усогласување на веќе основаните организации на своето име и/или назив, цели и дејности пред Централниот регистар во рок од три месеци.
Разгорувањето на национална омраза од страна на овие здруженија е доказ за нивното противуставно и противзаконско основање и постоење. Во таа насока, Левица достави иницијативи за забрана за работа до Основното јавно обвинителство во Охрид и Битола за Здружението „Цар Борис III“ и Здружението„Ванчо Михајлов”.
Но, иако се работи за национален интерес, ОЈО Битола и Охрид сѐ уште немаат постапено, додека сведоци сме како Ламбе Алабаковски експресно беше првостепено осуден.
Непостапувањето на институциите, отсуството или млаката реакција од владините функционери и пролонгирањето на законските измени само потврдува дека пробугарската коалиција на СДС и ДУИ целосно е ставена во служба на рехабилитација на фашизмот, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…
ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна…
Демократската унија за интеграција објави соопштение по…
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
Османи: Од македонска перспектива, ДУИ е најпатриотската…
Ова сигурно можат да ми го злоупотребат…