Објавено на:

Левица формира Aнтифашистички фронт на жените

t

На денешната редовна седница на Президиумот на Левица, беше усвоена Одлука за формирање на ново партиско тело – Антифашистички фронт на жените, информираат од Левица.

Борбата за еманципација на жената, како и трудот на жената во домот и општеството, како што велат, создава подобар свет – рамноправен, праведен и слободен.

„Традицијата на борбата за правата на жените, како изворно вкорената во интернационалното социјалистичко движење, неминовно е поврзана со борбата против капитализмот – класната борба и борбата за ослободување на жената се битки кои мора да се водат паралелно.

Нашата организација на жени, како Антифашистички Фронт на Жените – АФЖ, ќе има за цел да го ослободи женското движење од неговата сегашна испреплетеност со неолиберализмот.

Оттука, нашите активности ќе бидат насочени кон актуелизирање на феминистичките идеи, кои некогаш беа дел од еден радикален светоглед; идеи и активности кои ќе ја приоретизираат социјалната солидарност наспроти претприемаштвото; валоризација на грижата за заедницата и меѓузависноста наспроти индивидуалниот напредок – организирање на жените, не како слуги на неолиберализмот, туку како негови најжестоки противници“, истакнуваат од оваа партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема нови случаи на Западен Нил во…

Нема нови случаи на вирусот Западен Нил…

Санду: Обединувањето со Романија би донело поголема…

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, маргините на…

Пред нас се два продолжени викенда во…

Октомври годинава носи два продолжени викенда за…

КОРИДОРОТ 8 ЗА БРИСЕЛ Е ВАЖЕН И…

Македонија засега не е активно вклучена во…

Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата,…

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот…