Левица ја подбра власта: Ново задолжување од 600 милиони евра, за пет години нè задолжија 2.906 милијарди евра, Македонија е во должничко ропство
Безидејноста на СДС и ДУИ ја задолжи Македонија на меѓународниот пазар со нови 600 милиони евра, преку издавање на еврообврзница со каматна стапка од 6,5%. Во услови на глобален раст на каматите ова задолжување чини многу повеќе од претходните. Само за пример, лани во просек Македонија се задолжуваше со 3,5 % каматна стапка, реагираат од политичката партија Левица.
– Само по основ на главнина и камата за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, оваа година државата треба да исплати 594 милиони евра за главнина, како и 138 милиони евра за камата!
Владата во континуитет е во трка по нови кредити за отплата на претходните, но, новите задолжувања не само што не се исплатливи, туку се и многу ПОВИСОКИ. Стапката на раст на јавниот долг последниве години е далеку повисока од стапката на реалниот раст на БДП, иако треба да биде многу пониска.
Последните пет години, Владата нè задолжи со дополнителни 2.906 милијарди евра и на крајот на 2022 година, јавниот долг достигна неверојатни 7.703 милијарди евра! Расипничкото однесување на хибридниот режим, кој ја доведе Македонија во должничко РОПСТВО, како и отсуството на економска стратегија, ќе го плаќаат идните генерации.
Неодржливоста на јавниот долг ќе предизвика катастрофални последици и мерките на штедење, односно грчко сценарио, ќе биде неминовно – преку кратење на социјалните трансфери и редуцирање на работничките права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…