Левски до навивачите: Не ги навредувајте Македонците
Доаѓањете на околу 2.000 навивачи на Левски на вечерашното гостување на овој тим кај Шкупи во квалификациите за Конференциската лига е причина за зголемена будност кај организатарот и македонската полиција, но и кај бугарскиот клуб, кој се плаши од жестоки казни од УЕФА во случај на испади од страна на нивните фанови.
Управата на составот од Софија денеска испрати нов апел до своите следбеници, за тоа како да се однесуваат на арената „Тодор Проески“ за да не дојдат во било какви проблеми.
„Почитувани фанови, ве повикуваме да ја поддржите вашата омилена екипа против Шкупи, кој е про-албански тим, без манифестации на расизам и ксенофобија. Покрај тоа што ваквите постапки можат да донесат строги казни од УЕФА, нашиот клуб начелно ги осудува и прогласува нетрпеливост кон ваквите, па дури и изолирани постапки на единици на наши симпатизери. Организаторите на натпреварот забрануваат внесување на монети, запалки и тврди предмети. Потсетуваме дека употребата на пиротехнички средства за време на натпреварот ќе донесе високи казни за клубот“, се вели во соопштението на Левски.
На бугарските медиуми вчера им беа забавни пишувањето дека популарните „левскари“ доаѓаат во Скопје да го палат македонското знаме, како и за опомената која ја добија да не носат ладно оружје (ножеби, боксирачи…) бидејќи тие ќе им бидат одземени од македонската полиција.
Овој текст прочитајте го ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…