Легенда: Албански тинејџер платил 9.000 фунти за да влезе во Британија во ковчег

t

Речиси неверојатна приказна е патувањето на еден тинејџер Албанец, кој во обид илегално да влезе во Британија, бил ставен во ковчег.

Случајот за кој станува збор бил откриен при рутинска проверка на комбе, од страна на француски граничари во близина на Данкирк.

Според албанските медиуми тинејџерот, чиј идентитет не се наведува од правни причини, пред надлежните изјавил дека платил 9.000 фунти за своето патување во Британија со комбе.

– Ме ставија во ковчег на сервисна станица на автопатот во Стинворде (северна Франција). Сигурно бев внатре најмалку еден час додека комбето застана, додал тој.

Ковчегот, на кој му бил зашрафен капакот, бил скриен меѓу дрвени кутии во задниот дел на комбето “Мерцедес спринтер”. Возачот, Романецот Лусијан-Раду Ризае, негирал дека имал било каква информација за она што било пронајдено во возилото што го управувал.

Млади Албанци, пред се од северниот дел на земјата, Кукс и Скадар, масовно заминуваат во Велика Британија. Минатата година со гумени чамци преку Ла манш на британска територија пристигнале најмалку 13 илјади.

Поради засилените контроли сега најчесто се обидуваат да влезат скриени во камиони кои транспортираат разна стока.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН алармираат поради детската сиромаштија во Велика…

Организацијата ја рангираше Британија на 37 место…

Русија „хакирала“ британски политичари и новинари

Москва ги отфрли сличните обвинувања како „неосновани“…

Британските специјални сили тајно оперирале во Украина

Најнова книга тврди дека западните командоси биле…

Гардијан: Нуклеарна централа во Велика Британија „протече“…

Безбедносните прашања во Селафилд доведоа до тензии…

Британски авиони ќе ја надлетуваат Газа во…

Велика Британија соопшти дека ќе почне со…