Лекарите незадоволни: Планираното покачување на платите во здравството од 5% е неприфатливо

t

Синдикатот на Клинички центар соопшти дека планираното покачување на платите во јавното здравство за 5% не е прифатливо.

„Синдикатот на Клинички центар прифати линеарно покачување на основната нето плата од 2806 денари за сите вработени во јавното здравство на барање на Министерот за здравство и заменик Министерот за здравство поради тешката економска состојба, и се откажа од скалестото покачување на основната плата од 18,4% кое треба се направи во рок од 6 месеци од примената на Законот за минимална плата согласно член 8 од истиот Закон.

Соочени со објективната состојба во државата, во анализите кои ги направивме пред да го прифатиме линеарното покачување на основната плата за 2806 денари заклучивме дека распределбата на овие парични средства претворена во различни проценти на коефициенти на сложеност ќе ја намали оправданата реакција на останатите вработени, особено на оние звања кои се приближија со својата плата до минималната плата, што беше највпечатливо кај медицинските сестри со средно стручно образование, како и кај дел од здравствените соработници и административно-техничкиот персонал.

Се надеваме дека Министерот за здравство ќе го почитува договорот и дека основната нето плата на сите вработени во јавното здравство ќе се зголеми за 2806 денари.

Во оваа прилика, сакаме да истакнеме дека планираното покачување на платите во јавното здравство за 5% за Синдикатот на Клинички центар не е прифатливо.

Доколку основните плати во јавното здравство во договорениот рок не се покачат за 2806 денари, Синдикатот на Клинички центар ќе бара усогласување на платите и нивно покачување за 18,4% согласно Законот за минимална плата и ќе се бори со сите средства кои му се на располагање тоа да го оствари.

Доколку не се реализира линеарното покачување на основната плата на сите вработени во јавното здравство за 2806 денари, надлежните институции треба да ги предвидат последиците и можноста јавните здравствени установи да се соочат со поединечни и колективни тужби од вработените за покачување на платите за 18,4% согласно Законот за минимална плата“, соопшти Синдикатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…

Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…

Имавме индиции дека во минатото се случила…