Лекарите со препораки до лицата кои ќе скокаат по светиот крст
Лицата кои утре ќе скокаат по светиот крст да бидат исклучително внимателни, претпазливи и сериозни, советуваат лекари.
Тоше Бојчевски, раководител на Итната медицинска помош во Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип денеска изјави дека ако се земе предвид студеното време и ниските температури, лицата треба да бидат здрави, со потврда од матичен лекар. Пред да се влезе во вода не треба да консумира алкохол и во студените води не треба да се задржуваат повеќе од три минути. На таков начин ќе се избегне шок на телото, премрзнување, односно хипотермија.
-Имајќи ги предвид временските услови и ниските температури на водата, повикуваме на исклучителна внимателност, претпазливост и сериозност. Треба да потенцираме дека никако не треба предвреме да се влегува во водата. Лицата кои ќе влегуваат во водата да носат обувки и никако да не се задржуваат повеќе од три минути. При излегувањето да облечат сува и топла облека. Ова е важно за да се избегне опасноста од смрзнатини и хипотермија на телото. Пред да се влезе во вода никако да не се консумира алкохол, бидејќи може да се постигне спротивен ефект и да дојде до побрзо премрзнување, вели Бојчевски.
И во самото пријавување, граѓаните кои сакаат да скокаат по светиот крст, треба да приложат потврда од матичен лекар дека се здрави. На тој начин се избегнува можноста од несакани последици по влегувањето во студените води.
Во Штип утре светиот крст ќе биде положен во водите на реката Брегалница на две локации, од кои едната е во старата населба Ново Село, а втората е кај детската градинка „Астибо“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…
Од спонзорство на општинскиот клуб до паркинг-услуги…
Горан Герасимовски денес е потпретседател на СДСМ,…
Костовски до советниците од ДУИ и Влен…
Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет…
Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…
Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…